Утре без струја делови од Карпош, Студеничани и Чучер Сандево

од Vladimir Zorba

– Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош, Студеничани и Чучер Сандево.

Од 09.00 до 12.00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од ул. „Никола Русински“, од 09.00 до 15.00 часот дел од селата Долно Количани, Рамни Габер и Пагаруша,  од 09.00 до 14.45 часот дел од селата Бразда и Глуво и од 08.00 – 14.00 часот дел од ул. „Прашка“ – парни броеви од бр. 4 до бр. 26.

Слични содржини