На македонско-грчката граница денеска мирно, откако вчера имаше инциденти во кои стотина мигранти се обидоа насилно да влезат во Македонија. Тие фрлаа со камења врз полицајците. Мигрантите кои не се пропуштаат поради тоа што се смета дека мигрираат од економски причини сеуште се на граничната линија.

-врз-македонската-полиција

Вчера попладнето армијата го затвори просторот кај пругите со жица и дрвени столбови, за да се спречи понатамошен судир со полицијата.

Сите пред камери: Спасовски ги пофали полицајците, Чавков ги искара грчките колеги

Утре треба да пристигне специјализиран тим од Европската унија кој ќе врши процена за поставување опрема за регистрација на бегалци на јужната граница. Опремата се очекува да ја олесни работата на безбедносните служби за контрола на бегалците кои ќе поминат низ македонска територија.

Слични содржини