Утре и задутре посвежо со дожд

од Vladimir Zorba

Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со умерен до засилен североисточен ветер. Врнежите ќе бидат обилни во западните делови од земјава.

Температурата ќе опадне за 4 до 5 степени во споредба со денешнава. Од понеделник следува период кога во попладневните часови ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст. Извесно преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.

Слични содржини