Советот на јавни обвинители за предлогот на Јанева ќе решава утре
Утре во 10 часот, а не денеска како што беше најавено, ќе се одржи состанокот на Советот на јавни обвинители на кој ќе се одлучува за предлогот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нејзиниот тим да добие 14, а не само 7 обвинители.

9DC2A9BE08718944B345099CC606975B
Барањето на Јанева доаѓа откако четирите политички партии се согласија да му пратат писмо на министерот за правда, а овој до Советот за прифаќање на целиот тим на специјалната обвинителка. Советот ова го препрати кај Јанева, за оваа вчера да напише ново барање за конечно целосно пополнување на нејзиниот тим, според првичното барање.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски вчера изјави дека барањето на Јанева ќе се стави на дневен ред, по што ќе се види како ќе гласаат членовите на Советот.

Претходно Советот реши тимот на Јанева да има 7 обвинители кои ќе бидат сосема доволни за работа на новото специјално јавно обвинителство кое треба да ги истражи сите сомневања од прислушуваните материјали и аферата „Пуч“.

Слични содржини