protestiram-eu-mk-860x680

Македонската заедница и пријателите на Македонија во Белгија најавуваат протест пред состанокот на советот на министри за надворешни работи на Европската Унија. Како што е наведено во нивното соопштение, собирот е предвиден за в четврток напладне.

„Бараме од земјите членки на Европската Унија да воведат ефективни индивидуални санкции против членовите на владејачката партија и нивните соработници против кои е поведена кривична постапка, а тоа да трае се до повлекување на претседателската одлука за аболиција и целосно овозможување на работата на специјалното јавно обвинителство,“ се наведува во соопштението.

Од граѓанската иницијатива „Протестирам“ бараат од институциите на ЕУ поддршка за европската иднина на Македонија./извор Мета

Слични содржини