По вчерашните поединечни разговори со преставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, Хоуте, Бејли и Орав, на преговарачките тимови ќе им достават ново конечно решение предлог-план за изборниот законик, објави Либертас.

download

Од извори во партиите била постигната согласност околу точките во кои се разидуваа, 6 изборни единици како што беше на претходните избори или 1 како што се предлагаше и дилемата да гласа или не дијаспората и колку да “тежи“ гласот на нажите иселеници.

ВМРО-ДПМНЕ но и ДУИ и ДПА се изјасниле дека и на предвремените парламентарни избори треба да останат 6 изборни единици а на 1 кое било прифатливо само за опозициската СДСМ. Најверојатно во конечниот изборен закон на странците ќе помине предлогот на мнозинството односно ќе остане стариот модел, гласање во 6 изборни единици.

Околу гласањето на дијаспората ВМРО-ДПМНЕ е осамена во предлогот и со малку гласа да остане моделот да бидат избрани пратеници од дијаспората, но тука нема подршка од другите партии. СДСМ е децидна дека не е спорно да гласаат и нашите иселеници но нивниот глас да биде еднаков на секој глас на граѓанин што живее дома во Македонија.

И ДУИ и ДПА се против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на добивање пратеници од дијспората.

Најверојатно Ван Хоуте ке се одлучи за предлогот на мнозинството околу гласањето на дијаспората.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од денешната работна средба во Прилеп најави дека очекува во среда изборниот законик да се најде на гласање во парламентот и со тоа да се затвори уште една точка од договорот во Пржино./ извор Либертас

 

Слични содржини