Утре облачно и свежо време

од Vladimir Zorba

400-223-true-mid8254080

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно, особено во западните делови од земјата, а од пладне ќе дува повремено засилен северозападен ветер и облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 5.

Од петок ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места студени утра. Во недела попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Слични содржини