Утре облачно време со локални врнежи од снег

од desk4

И утре времето како и денеска ќе биде облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР).

Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање на мала снежна покривка е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава.

Температурите ќе се движат од -4 до 6 Целзиусови степени.

Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само на крајниот запад. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува в среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток, кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.

Слични содржини