Утре пристинува хуманитарна помош од Русија – генератори, пумпи, ќебиња, конзерви од риба и месо

од Vladimir Zorba

Хуманитарна помош од Руската Федерација, наменета за поплавените подрачја, утре ќе пристигне на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

133315224

Помошта се состои од мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.

Како што соопштија од Амбасадата на Русија во Македонија, хуманитарната помош која ќе биде доставена со специјалниот авион „Ил-76“ на руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди.

 Од Амбасадата информираат дека деновиве специјалистите на руското Министертво учествуваат во доделување хуманитарна помош низ светот, односно, одстранување на последиците на големите поплави во Централната Русија, шумските пожари во Португалија, големите хуманитарни операции за испорака на храна и лекови за цивилното население на југоисточниот дел на Украина и на Сирија. Покрај тоа, Русија изрази подготвеност да испрати специјалисти и хуманитарна помош во Италија во врска со разурнувачкиот земјотрес.

Слични содржини