Под мотото „Црвен картон за министерот Тодоров“ утре во 12 часот ќе се одржи протестен марш на кој граѓаните ќе побараат оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, директорите на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева-Змејкова и Џемали Мехази, членовите на Управниот одбор на ФЗОМ, како и членовите на првостепената и второстепената лекарска комисија.

Протестниот марш ќе започне пред зградата на ФЗОМ, а граѓаните ќе се упатат кон Министерството за здравство каде ќе го изразат својот револт кон министерот и институциите поради смртта на деветгодишната Тамара која почина чекајќи операција и поради катастрофалната состојба во која се наоѓа македонското здравство.

Слични содржини