Утре ќе бидат објавени резултатите за полуматурантите од екстерното тестирање, порано оти за нив ќе следат уште обврски, уписи за во средно училиште кои се закажани за 28 и 29 јуни.

eksterno-testiranje

Останатите резултатите од екстерното ќе ги знаат на 17-ти јуни. Тестирањето заврши вчера, заменик министерот за образование е задоволен од тоа како се реализираше, пред се дека минало без технички проблеми.

Наскоро ќе биде објавен и конкурсот за упис на високо образовните установи на државните универзитети. Ристовски вели дека веќе Владата ги утврдила предлог квотите за упис за академската 2016/2017 година.

Слични содржини