„Утрински весник„ со откази и ултиматум до вработените

од Vladimir Zorba

Информацијата која засега ниту се потврдува ниту пак се демантира од менаџментот и вели дека новинари, односно раководството во „Утрински весник“ добило понуда да одлучи дали да се поделат откази на вработени или весникот да се затвори.

imag1881

24 вести пишува дека уредништвото има 24 часа да го каже својот став за овој ултиматум, додека како причина до ова довела тешката финансиска состојба. Во помали тиражи деновиве се печатат и трите весници под закрила на МПМ „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“ а како причина е наведено немањето на хартија за печатење и намалување на трошоците.

Слични содржини