Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп е паднат до најниската точка во  неговото инаугуративна година, објавија американски медиуми, повикувајќи се на социолошка анкетира на “Галуп”.

Според истражувањето кое е спроведено на 18 март, активностите на Трамп ги  поддржуваат 37% од испитаниците, додека 58% од Американците се противат на политиката на американскиот претседател.

На 22 јануари одобрување и неодобрување на активностите на претседателот беа израмнети – по 45 проценти.

Доналд Трамп имаше низок рејтинг и за време на предизборната кампања, но тоа не го спречи да победи на изборите, победувајќи  ја Хилари Клинтон. Иако Клинтон доби повеќе гласови и тоа со околу 3 милиони повеќе, особеностите на изборниот систем на САД не и ‘дозволија да стане претседател.

Во истражувањето на “Галуп” учествувале околу 1 500 американски граѓани/