УЗБУНА:Турската полиција бара тројца терористи на ПКК

од Vladimir Zorba

Само минатата недела биле спречени 12 терористички нападиtur-politse

Турската полиција трага по тројца терористи на забранетата Курдистанска работничка партија ПКК, за кои имале информации дека подготвуваат спектакуларни само убиствени напади во земјата, објави турската телевизија НТВ. Разузнавањето располага со податоци дека две од камиказите  се жени, пренесе БНР.Според податоците на властите минатата недела во Турција биле спречени 12 терористички напади. Во Мерсин, пристанишен окружен град во јужна Турција, при операција на полицијата и разузнавачките органи биле фатени 12 терористи на ПКК,кои подготвувале големи терористички напади . Меѓу уапсените има неколку жени. Уапсените се испратени во затвор.

При операциите на полицијата на одредени адреси во Мерсин, Сирнак и Сиирт беа откриени голем број детонатори, уреди за далечинскои  експлозиви, 7 автомобили-бомби, рачно изработени експлозиви и други оружја. Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во специјализираните операции против терористите на ПКК биле неутрализирани 45 лица.

Слични содржини