Вајгл: Борбата против корупцијата се поткопува од политичко мешање

од Vladimir Zorba

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, ја претстави предлог-резолуцијата за Македонија во однос на прогрес-извештајот за 2016 година на Европската комисија.

За првпат во оваа резолуција, Вајгл, освен што во име на Европарламентот за Македонија по осми пат предлага отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ, како новина дава предлог за највисоките политички структури и институции на Унијата да развијат „нови иницијативи“ заедно со посредникот за преговорите за името, Метју Нимиц, со што ќе се стави крај на долготрајниот спор меѓу Македонија и Грција.

Со оглед на тоа што предвремените парламентарни избори  во Македонија имале многу висок одѕив на гласачите, на почетокот на предлог-резолуцијата за Македонија се посочува и дека реформите и подготовките за пристапување кон ЕУ се попречени од страна на политичката поларизација.

Исто така, се забележува назадување во важни области, односно дека е потребна посветеност на клучни прашања во процесот на реформи во судството, јавната администрација и медиумите.

Слични содржини