Вајгл: Можни се санкции за одредени партии и поединци

од desk2

Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн ќе му предложат Европскиот Парламент во април да не ја изгласа резолуцијата за Македонија, туку да отпочне дебата за политичката криза во земјава. Во интервју за порталот „Нова ТВ“, Вајгл соопшти дека ова е една од казнените мерки за Македонија и не ја исклучи можноста од други санкции, доколку кризата продолжи и понатаму.

„Ќе предложиме да не се гласа, туку да се отвори дебата. Најверојатно ќе се гласа еден месец подоцна. Ова може да се сфати и како забелешка или како санкција, но сепак, јасно е дека ЕУ има други инструменти за Македонија, како земја – кандидат, почнувајќи од финансиите итн. Доколку кризата продолжи, може да доведе со сериозни последици како дестабилизација на земјата и регионот“, изјави Вајгл.
Коментирајќи го одбивањето на Претседателот Ѓорѓе Иванов да се сретне со комесарот Јоханес Хан и европратениците, тоа Вајгл го смета за неодговорност и поттик за демонстрантите.

„Пред се’, Претседателот треба да разговара со нас бидејќи имаше можност, но беше јасно дека не сака да се сретне со нас. Ја прочитав неговата порака каде пишуваше дека на сите им кажал тоа што имал да го каже и дека сега било ред на народот да зборува. Оваа порака не може да се сфати поинаку освен како поттик за граѓаните да излезат на улиците и мислам дека тоа е многу неодговорен повик“ – додаде Вајгл./извор Алсат М

Слични содржини