Вајгл: СЈО да биде комплетно и безусловно почитувана, таа не е политичка институција за јавни конфронтации

од desk3

Европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Р.Македонија- Иво Вајгл, денеска изјави дека корупцијата е голем проблем за државата и дека ЕУ ги мониторира состојбите заедно со имплементацијата на Пржинскиот договор за кој се надева дека ќе доведе до фер и демократски избори. Тој даде целосна поддршка на СЈО.

vajgl

“Сакам посебно да истакнам дека институцијата СЈО, треба да биде комплетно и безусловно почитувана. ЕК и ЕУ знаеше за се кога беше воспоставена оваа институција од главните политички партии. Сега треба да го оставиме СЈО да испорача резултати и да не се ставаат никакви пречки во нивната работа. Од другата страна, оваа институција не е политичка институција што треба да учествува во јавни конфронтации за политички прашања. “-посочи Вајгл.

Слични содржини