Вајгл со осуда за нападите на граѓанското општество

од Vladimir Zorba

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл апелира до лидерите на Балканот да преземат одговорност за стабилоста на регионот и да се фокусираат на европската интеграција.

„Ние силно ги осудуваме неодамешните напади против активистите на граѓанското општество и бараме од властите да бдеат врз правната држава и да ги изведат пред правдата сите автори на овие напади“, додава европратеникот од групата на либералите.

Пораките се упатени до Македонија,  Србија,  Косово и до Босна и Херцеговина, но Вајгл не посочува личности и одредени настани.

Слични содржини