Вајгл: Заради мешањето на Русија, ЕУ го сака Западен Балкан

од desk2

Поранешниот шеф на словенечката дипломатија Иво Вајгл, вели дека мешањето на Русија во состојбите на Западен Балкан, ја натерало Европската унија проширувањето на Југоисточна Европа да го направи приоритет.

 

Нема замор од ширење и во цела Унија постои волја Црна Гора што побрзо да влезе во ЕУ, вели Вајгл за подгоричка „Победа“.

Одговарајќи на прашање колку Унијата сека е заинтересирана за процесот на проширување, Вајгл вели дека нема впечаток дека настапил замор, туку напротив, сега има впечаток дека таа свест за комплетирање на Европската унија е се посилна и дека пораснал интересот за проширување.

„ЕУ е многу заинтересирана за стабилизирање на приликите на европскиот континент, а тоа не може да биде додека Југоисточна Европа не стане дел од ЕУ. Кога ќе се заврши тој порцес на интеграција ќе исчезнат и мешусебните прблеми во регионите, но и митовите од минатото кои и денеска владеат со политиката на Балканот“, вели Вајгл.

Слични содржини