Науката за пропагандата, не би била наука , ако нема универзални правила, а секако комбинирани со одредени елементи на присилба дава одлични ефекти. Обичниот човек по писхолошка теорија (его и суета) си размислува дека тој самиот баш си знае се и дека се што ќе се каже на телевизија е апсолутна вистина, а тоа е токму она што го знаат добрите пропагандадисти.

izbori_wide

Ама да се вратиме на базичниот мотив зошто баш денеска ја пишувам оваа анализа, со веројатност за точност од 80% (бидејќи во општествените науки нема веројатност од 100%). Мотивот е што денеска ВМРО-ДПМНЕ побара јавно отворена седница на ДИК, а потоа “провладините медиумски хиени” цел ден трубат како претседателот Чичаковски бил несовесен и партиски настроен на страната на СДСМ. (да не Ви одземам време само ѕирнете на порталите откако ќе го прочитате овој текст).

Повторно ќе се навратам на психолошката теорија и ќе кажам дека “ставовите (и партиските) се градат врз основа на мотивите”. А мотивите на власта се да опстане на власт што повеќе, да го сокрие евентуалниот криминал и да го избламира политичкиот опонент за што е можно подолг период. Еве на пример, тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ биле предавници, соработувале со Албанците и Грците против Македонија и македонскиот народ итн…

А конкретно за Чичаковски нивниот мотив е блокирање на ДИК и превземање од партиското мнозинство во ДИК и одржување на избори, за после да се труби дека ВМРО-ДПМНЕ добиле на легитимни избори, ама лошата опозиција заедно со странските непријатели на Македонија им ја одзеле власта и тие не можеле понатаму да го спсауваат народецов.

Ама ако човек почне да го следи случајот од пред-спинот, ќе може лесно да ја предвиди разврската, особено во периодот кога на сила ќе стапи против уставната Одложена-одлука за рапуштање на парламентот , а тоа е на 24 февруари.

За да Ве воведам во мојата теза и за да Ви ги разјаснам работите направив анализа на Изборниот законик и Законот за судовите во делот на Управниот суд.

И ќе почнам со анализата прво на одредбите на Изборниот законик.

Членот 27 ст 2 од ИЗ гласи:

„ (2) За членови на Државната изборна комисија кои не се избираат по предлог на политичките партии, може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

– да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија;

– да има завршено високо образование, со најмалку пет години работно искуство;

– да не е член на орган на политичка партија во последните две години;

– не бил и не е носител или кандидат за носител на јавна функција во државната и локалната власт;

– не е јавен подржувач на политиките на власта или опозицијата;

– има стручни познавања и искуства во областа на изборите и изборните процеси.

И секако нив ги избира Собранието!

Ама член 28 од истиот закон вели:

„(1) Функцијата на членовите на Државната изборна комисија им престанува пред истекот на мандатот:

– ако престане еден од условите утврдени во членот 27 став (1) и став (2) на овој законик,

– на нивно лично барање,

– поради нестручно и несовесно вршење на функцијата,

– поради исполнување услови за старосна пензија утврдени со закон,

– поради смрт и

– ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор од над шест месеци.“

 

Сега запазете ги речениците: “не е јавен подржувач на политиките на власта или опозицијата” од чл.27 и “ако престане еден од условите утврдени во членот 27 став (1) и став (2) на овој законик” и “поради нестручно и несовесно вршење на функцијата” од чл. 28 од  ИЗ.

И видете едно “чудо” и по “некоја случајност” како пишувањата на еве на пример на порталот“Курир” се поклопуваат со овие два члена на ИЗ. Видете…

“Актуелниот прв човек на ДИК предложен од СДСМ, е редовен посетител на митинзите и протестите организирани од опозициската партија. Чичаковски во 2004-та година беше во првите редови на митинзите организирани од екс-лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. (Видете ја и фотографијата)

DIK

Но, кога навистина треба да си ја врши работата за која зема пари од џебот на граѓаните, Чичаковски се крие. Денес е недостапен за новинарите, а вистинска потрага по него водат и членовите на ДИК. Сопартиецот на Зоран Заев одбивал да се појави на своето работно место, а молчи за одговорите кои јавноста од него ги бара”

Значи според “Курир” условот “не е јавен подржувач на политиките на власта или опозицијата” е прекршен, бидејќи еве нудат некакви непроверени докази кои може да се и монтажа, и условот “поради нестручно и несовесно вршење на функцијата” исто така е прекршен бидејќи тој не доаѓал на работа, се криел, се однесувал несовесно кон новинарите итн…

Е тука не завршува приказната, која ќе потрае се додека не се распушти и официјално Собранието. Е тогаш ќе нема кој да ги разреши легално со 2/3 мнозинство (што е сосема нормално и што го знае секој правник), ама ќе има кој да ги резреши полулегално поради недоречености во Изборниот законик, но и во Законот на судовите.

Е тука веќе настапува добро познатиот за политичката јавност Управен суд, кој не само партиите туку и сите странци во Извештаите го наведуваат како партиски суд, а како што се знае во јавноста и СЈО истражува “партиско работење на дел од судиите на минатите избори”.

Ви го пренесувам член   34 од Законот за судовите каде што се вели меѓу другото:

Управниот суд е надлежен да решава:

– за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,

И видете сега, за три дена се распушта Собранието, а “што ако” на некој член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или ДПА (кои патем се поддржуваа цело време) по распуштањето му текне да поднесе тужба  за разрешување на Чичаковски или некој друг од функционерите во ДИК поради престанувањето на условите   “не е јавен подржувач на политиките на власта или опозицијата” од чл. 27 и од чл.28 и  и “поради нестручно и несовесно вршење на функцијата” .

А еве “курировци” веќе мавтаа со наводните докази, кој секако можат да станат доказ.

И ” види оп случајно” поради правниот вакум Управниот суд по евентуална тужба се прогласи за надлежен да постапува поради одребата “Управниот суд е надлежен да решава – за именувања и разрешувања на носители на јавни функции (а останатото случајно да не го прочитаат)” и ги разреши Чичаковски и останатите , нели спорни членови за партиите бидејќи не се нивни прелог.

И тогаш што!?- ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА пак ќе добијат мнозинство во ДИК, нема Собрание за да избере нови членови, и “оп” ете избори на 24 април.

А да не заборавиме и дека во ваква констелација на медиумите,  вистината е секогаш “во поддршка” власта, овие дејствија ќе наидат на поддршка на новинарите и уредниците од провладините медиуми, а секако и легитимитетот и легалитетот ќе го правдаат т.н. експерти кои ги гледаме секој дена на телевизија. И нели обичен човек нема време да чита и толкува закони,  уште помалку да проверува, а уште кога еден лажен факт ќе се повторува 1000 пати, тога тој ќе стане вистинит (Гебелс)

На жалост со вакви настани ни фукцинираше 10 години политичката сцена ама луѓето веќе научија како се манипулира.Останува да видиме… и дај боже ова што го кажувам да не се оствари…едноставно ние обичните луѓе да не плаќаме уште едни избори за некој само да ги користи за да го манипулира народ дека бил чесен патриот…

 

 

ФЃ

Слични содржини