Убедлив триумф од 4:0 забележа синоќа екипата на Валенсија на домашен терен против Гранада во дуелот со кој беше заокружено 33.коло од Шпанското фудбалско првенство.валенс

По оваа победа тимот од „Местаља“ се искачи на 4.место на табелата кое обезбедува учество во квалификациите од Лигата на шампионите.

Домаќините постигнаа по два гола во првото и во второто полувреме. Стрелци беа: Чави Фуего (26.минута), Дани Парехо од пенал (40), Софиане Фехули (85) и Алваро Негредо (88)

На другите средби од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Кордоба – Атлетик Билбао 0:1, Еспањол – Барселона 0:2, Атлетико Мадрид – Елче 3:0, Хетафе – Леванте 0:1, Сосиедад – Виљареал 0:0, Малага – Ла Коруња 1:1, Алмерија – Еибар 2:0, Севиља – Рајо Ваљекано 2:0 и Селта – Реал Мадрид 2:4.

Табела: Барселона 81 бод, Реал Мадрид 79, Атлетико Мадрид 72, Валенсија 68, Севиља 66/МИА

Слични содржини