Валверде го избра заменикот на Иниеста, Меси го одобрува

од Vladimir Zorba

Младиот талент на Барселона, Карлес Алења најверојатно ќе биде заменик на капитенот на тимот Андрес Иниеста на долг рок, пишува шпански „Don Balon“.

Според изданието, тоа е одлука на тренерот Ернесто Валверде, кој им даде доволно шанси на Денис Суарез и Андре Гомеш, но и двајцата разочараа.

Тој исто така може да игра десно во средниот ред. Се сметаше дека Барселона го привлекува Фелипе Кутињо за заменик на Иниеста, но „лос кулес“ имаат намера да го користат Бразилецот лево во нападот.

На слична позиција тој игра со голем успех во Ливерпул. Одлуката на Валверде за Карлес Алења, исто така, била поддржана од каталонската ѕвезда Лионел Меси. Младиот фудбалер дури влегол во групата на Барса за утрешниот судир против Атлетик Билбао.

Слични содржини