Вангеловски не одговари за притисоците и за ослободувањeто на Кочан!?

од Vladimir Zorba

Му го укинаа притворот на Сеад Кочан, ама пред камери претседателот на Врховен суд не сака да зборува за ова, информира Телма.
Јово Вангеловски, кого го има и во прислушкуваните разговори како се договара за доказ за случајот „Глобал“ во Струмица со поранешниот министер Миле Јанакиевски, денеска не сакаше да одговори дали некој му се јавил на телефон и за случајот „Труст“, каде му беше одреден притворот на бизнисменот.

Инаку според дел од експертската јавност, судиите кои гласале за укинување на притворот ја злоупотребиле службената положба, а повикаа дури и Ванѓеловски да биде разрешен од судија.

За нив е несватливо образложението со кое притворот за Кочан се враќа на повторно одлучување во основниот суд, повикувајќи се според нив на погрешен член од законот.

За да ги добијат одговорите на сите прашања Ванѓеловски ги повика новинарите на брифинг за тие да ги пренесат на јавноста неговите одговори.

Оваа пракса во последно време често ја користи, но и често по тоа е незадоволен од тоа како е цитиран. И покрај инсистирањето да даде одговори пред камера тој го избегна ова, па дел од медиумите воопшто не присуствуваа на неговиот брифинг.

Во меѓувреме според најновите информации бизнисменот Сеад Кочан, се врати од бегство веднаш по повлекувањето на потерницата, a исто така е опериран на државните клиники, каде му е вграден стент. За укинувањето на неговиот притвор се уште молчат од специјалното обвинителство кое претходно го побара притворот, а по тоа и основниот и апелациониот суд го потврдија.
Сега одново судија на претходна постапка ќе одлучува за притворот, но не се знае дали здравствената состојба ќе биде искористена како олеснителна околност./извор Телма

Слични содржини