Вангеловски се сретна со експертската група на Прибе

од desk2

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски денеска имаше средба со групата експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од Рајнхард Прибе.

Како што соопшти Врховниот суд, на средбата се разговараше за актуелната состојба во судството и предлог-мерките за спроведување реформи подготвени од страна на претседателот на Врховниот суд, со цел независно и непристрасно судство како гарант на демократијата и владеењето на правото, во фукција на заштита на човековите слободи и права.

Експертската група предводена од Прибе, според најавите, во текот на оваа недела престојува во земјата.

Слични содржини