Очекувам денеска да се постигне напредок и политичките партии да се договорат за реформите во медиумите, изјави олеснувачот Питер Ванхауте пред почетокот на денешната последна средба пред истекот на рокот за договорот околу реформите во медимите.

vanhaute

– Се надевам на напредок во преговорите и на конструктивност од сите партии. Денеска ќе разговараме за двете спорни прашања околу мандатот и членовите на Агенцијата за медиуми и за владините реклами во медиумите. Ако има добра волја, договор може да се постигне и за неколку часа. Сепак, ние ќе работиме напорно за конечно да постигнеме договор – изјави Ванхауте.

На денешната средба, исто така, ќе учествуваат амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и заменикот на евроамбасадорот, Аиво Орав.

Ванхауте не знаеше дали еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Македонија или, пак, претставници на политичките партии ќе одат на разговори во Брисел.

 

META

Слични содржини