Вардар нема да може да ја брани титулата во СЕХА лигата, денеска загуби во полуфиналето од Мешков Брест со 32:27.


Нашиот ракометен претставник во завршницата на ова натпреварување потфрли, иако не настапи со најсилниот состав. Отсуството на повредените Дибиров, Абутовиќ и Брумен, како и тоа дека не бранеше ниту Штербик, а кој беше прусутен во арената во Веспрем, не беа доволен аргумент за оправдување за вардарци кои денеска не одиграа на ниво и заслужено загубија.
Избраниците на Гонзалес ja имаа контролатa на играта и на резултатот  се до 10 минута кого водеа со 6:5, по што Брест додаде гас и на полувремето замина со плус пет (16:11).

Во второто полувреме актуелниот шампион во еден момент се закани и дојде на минус два (25:23-49 мин), но белорусите повторно се кренаа и на крајот се пласираа во  финалето каде ќе играат со подобриот од пресметката меѓу Веспрем и ППД Загреб.
Прибак и Тоскиќ со вкупно десет голови беа најефикасни кај Вардар, кај Брест најдобар беше Стојковиќ со 9 погодоци.

Слични содржини