Вардар повторно убедливо е поразен

од desk4

Македонскиот првак Вардар претрпе уште еден убелив пораз во групната фаза во Лига Европа.

Вардарци вечерва на националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, се поразени убедливо од Реал Сосиедад со 6:0.

Целата работа околу победникот на мечот Шпанците ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 3:0.

Четири од шестте голови за Сосиедад ги постигна Вилиан Жозе (34.минута, 42, 55 и 59), откако Микел Ојарзабал во 12.минута беше стрелец на првиот гол, а последниот го постигна Де ла Беља (90).

Црвено-црните имаа две големи шанси за погодок при водство на гостите од 0:1, но ударите на Велковски во 28-та и Барсегјан не ја погодија целта.

Потстеување дека вардарци во 1. коло исто така на домашен терен загубија од Зенит со 0:5, а беа совладани и на гостувањето кај Розенборг (3:1).

Во вториот меч од Л група, Зенит Санкт Петербург го победи Розенборг со 3:1 .

На табелата води руската екипа со максимални 9 бодови пред Реал Сосиедад кој сега има 6, по што следува Розенборг со 3 и Вардар без освоен бод..

Во следното коло закажано за 2 ноември ќе се сретнат истите ривали, но тогаш Вардар ќе гостува во Сан Себастијан.

Слични содржини