Ракометарите на Вардар ќе се обидат да се пласираат во уште едно (вкупно четврто) финале во СЕХА лигата. Актуелниот шампион на ова натпреварување попладнево во Веспрем во првото полуфинале на завршниот турнир ќе игра против Мешков Брест од Белорусија. Воедно ова е реприза на ланското финале од Нови Сад.

vardar-visla-21.03.2015-1329
Вардар во Веспрем ќе настапи без тројца играчи од првиот состав Тимур Дибиров, Матјаж Брумен и Илија Абутовиќ, кои здравствени причини не можат да играат. На вчерашната прес-конференција капитенот Филип Лазаров истакна дека иако „црвено-црните“ имаат тежок ривал ќе се обидат да се пласираат во уште финале, каде би играле со победникот од дуелот Веспрем – Загреб.
Натпреварот Вардар – Мешков Брест почнува во 17:45 часот, додека дуелот меѓу Веспрем и Загреб ќе стартува во 20:15 часот. Победниците од полуфиналните дуели во недела ќе играат во финалето, а поразените во дуелот за третото место.
На досегашните три шампионати во СЕХА лигата Вардар победничкиот пехар го освои двапати (2012 и 2014 година), а еднаш најдобар беше Загреб (2013)/миа

Слични содржини