Вардар започнува со гостување кај Кристијанштад во Лигата на шампиони

од desk3

Македонскиот првак Вардар со денешното гостување во Шведска кај Кристијанштад го започнува својот нов настап во елитната ракометна Лига на шампиони.

download-1

И годинава примарна цел за вардарци ќе биде пласманот на завршниот фајнал-фор турнир. Но, за остварување на целта патот до Келн ќе биде тежок и напорен.

Дуелот меѓу Кристијанштад – Вардар кој ќе започне во терминот од 16 часот и 15 минути ќе биде еден од дбата кои се играат денеска, а се во рамките на Б групата. Во оваа конкуренција вчера се одиграа првите две средби, Мешков Брест – Киелце 24:29 и Целје – ППД Загреб 30:28.

Потесетување дека вчера ракометарите на Металург со победата над Елверум 18:17 ги започнаа натпреварите во Ц групата во која Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа нерешено 28:28, а денеска својот прв меч во новата сезона ќе го играат Монпелје и Татран Прешов./МИА

Слични содржини