Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис изјави дека реформите, кои Грција треба да ги примени во замена за нова спасувачка програма “ќе пропаднат”.

691f8326372918fac4ba50e3d1a1b573

Во интервју за ББЦ тој рече дека Грција е предмет на програма која ќе “остане во историјата како најголема катастрофа на макроекономскиот менаџмент” и таа ќе пропадне, независно од тоа кој се обврзува нејзиното извршување. На прашањето колку долго ќе потрае ова, поранешниот министер за финансии изјави дека таа веќе не успеа.

Во петокот германскиот парламент го одобри почетокот на преговорите меѓу Атина и кредиторите за трета спасувачка програма на вредност 86 милијарди евра. Ова се случи откако Грција исполни еден од главните услови – да прифати голем број мерки за кратења, вклучувајќи зголемување на даноци, пензиски реформи и други.

Варуфакис поднесе оставка претходно овој месец. Неговото повлекување беше прифатено од многумина како гест на помирување со финансиските министри од еврозоната, со кои тој постојано имаше судири. Според него, грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој призна дека исто така не верува во спасувачката програма, немал друг избор освен да ја прифати.

“Ни беше даден изборот меѓу тоа да не егзекутираат и да капитулираме”, рече поранешниот министер за финансии, цитиран од БГНЕС.

По гласањето за новите реформи во земјата Ципрас направи некои промени во кабинетот и ги разреши министрите кои застанаа против мерките за штедење. Министерот за енергија Панајотос Лафазанис, еден од најголемите противници на реформите, исто така беше еден од разрешените.

Слични содржини