Русија и Турција се силно зависни една од друга и е непрофитабилно да се караат, пишува “Вашингтон пост”, во коментар на ситуацијата околу симнувањето на рускиот авион од ВВС на Турција.

ердо-пут

 За економијата на Турција рускиот природен гас е особено важен, додека за Русија транзицијата во теснец кон Средоземното Море е исклучително важна. Значи Владимир Путин едвај ќе се одлучи на воен конфликт, особено ако го земеме предвид и членството на Анкара во НАТО.

Во следните денови треба да се следат неколку знаци кои ќе покажат колку силно  и што се случило со рускиот авион, и како ќе влијае на политиката на двете страни.

На прво место, ќе се појават ли неспорни докази каде точно бил Су-24 при симнувањето над сириска или над турска територија.

На второ место, ќе прибегне ли Русија до зајакнување на тензиите во друго место, тактика, многу често користена од Путин. Дали тоа ќе биде Украина, Кавказ, балтичките земји или на друго место, е тешко да се прогнозира.

На трето место, ќе успее ли Барак Обама да застане на чело на НАТО. Малите држави во Алијансата сакаат да чувствуваат поддршка од страна на САД.

Уште повеќе што и американско-турските односи во последно време не се наоѓаат во uptrend.

Слични содржини