“Вашингтон пост”: Конгресот може да го спречи Трамп да ги подобри односите со Русија

од Vladimir Zorba

Конгресот на САД работи на нов закон против политиката на Русија, со кој може да ја спречи на Доналд Трамп. / БГНЕС Конгресот на САД работи на нов закон против политиката на Русија, со кој може да ја спречи на избраниот претседател Доналд Трамп да ги подобри односите меѓу Вашингтон и Москва. Ова го пишува “Вашингтон пост”, наведувајќи дека главен противник на односите со Русија во Конгресот се највлијателните сенатори републиканец Џон Меккејн и Линдзи Греам.

tramp-pretsСпоред информации на весникот, кој се повикува на извори од Конгресот и Претставничкиот дом, законот предвидува дополнителни мерки за проширување на санкциите против Русија. Мекејн и Греам ” кои имаат детален план за сузбивање на политиката на Трамп во однос на Русија”.

Мекејн, кој го  предводи Комитетот за вооружени сили во Сенатот, порано изјави дека ја  смета за неприфатлива соработката на САД со Русија за Сирија. Слични ставови изразува и Греам. Според неговите зборови Трамп ќе ја  одредува надворешната и одбранбената политика на САД како претседател и врховен командант на вооружените сили, но “Конгресот исто така може да го каже својот збор и да одигра важна  улога за овие прашања”. Весникот наведува дека е можно Трамп да најде поддршка на својата политика кон Русија меѓу сенаторите републиканци како Ранд Пол, кој го поддржува немешање на САД во политиката на други држави и проруски настроени конгресмени како Дан Рорбакер. Сепак, пишува “Вашингтон пост”, повеќето американски законодавци се поставени негативно во однос на властите во Москва. / ТАСС

Слични содржини