Актуелниот шампион на Ролан Гарос, Стан Вавринка по пет сета игра во првото коло успеа да го совлада Лукаш Росол од Чешка со 3-2 во сетови и да се пласира во втората рунда.

Вавринка двапати во мечот беше во негатива и губеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но сепак успеа да го елиминира 59-от играч на АТП листата.

download (4)

Пласман во следната рунда денеска изборија уште и Жереми Парди, Милош Раониќ, Адријан Манариро, Душан Лајовиќ и Џек Сок.

На женскиот дел од турнирот, шампионката од 2009 година Светлана Кузнецова ја победи Јарослава Шведова со 2-1 во сетови.

Пласман во следната рунда обезбеди и четвртата носителка Гарбине Мугуруза, потоа Слоун Стефенс, Мирјана Лучиќ-Барони и Барбара Стрицова.

Дождот и денеска на вториот ден од Ролан Гарос правеше проблеми и програмата доцнеше неколку часа./МИА

Слични содржини