Денеска продолжуваат политичките преговори меѓу најголемите партии. Денеска на преговорите дојде ЕУ-амбасадорот Аиво Орав.
Претставниците на партиите потписници на Договорот од Пржино сепак договориле дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работат на аферата прислушување и случајот „Пуч“.

klub na pratenici

Се уште не е договорено колку помошници обвинители ќе има и дали за тоа ќе одлучува специјалниот обвинител како што инсистираше ЕК.

Олеснувачот Питер ван Хојте инсистирал законот да се затвори уште на вчерашните преговори за од денеска партиите да се фокусираат на имињата за специјален обвинител.
Како што брифираат извори за локално.мк, ВМРО-ДПМНЕ се противи на предлогот, спецобвинителот сам да го избира бројот на помошници обвинители.

Од она што дознаваме е дека вчера, како помош на Никола Попоски и Никола Тодоров, на преговорите дошол и екс-директоророт на УБК-Сашо Мијалков.
Она што највеќе им пречи на дипломатите е што ВМРО-ДПМНЕ го кочи целиот избор на спецобвинител, а гарантите на Договорот од Пржино не сакаат да направат преседан со прекршувањето на роковите. На тој начин дипломатски извори за локално. мк го објаснуваат денешното присуство на Орав на преговорите.

Слични содржини