Вечерва низ скопските улици и културни институции ќе се одвива 11-тото издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ.1519572_1077021222307957_1580087618136809795_o

Влезот за сите настани, традиционално, е отворен и бесплатен за сите,  а на програмата има уметност за сечиј апетит.

Главниот настан ќе се одржи на Плоштадот ПЕЛА.

Официјалното отворање е во 20:30 минути во Музејот на Македонија.

Доколку сè уште не сте одлучиле каде да се упатите, ви ја приложуваме уште еднаш целосната програма како потсетување.

● Изложба: „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“.
Изложбата претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес. Предисториските женски фигурини, античките садови и ламби ја претставуваат археолошката манифестација на овие култови. Култните места, коишто и денес се посетуваат за жените да го добијат посакуваниот пород, се прикажани преку текстови и фотографии.

● Настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.
Обичаите со маски, кои го обележуваат крајот на зимата и возобновувањето на природата, се полни со симболички ритуални дејствија, кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи се презентираат и со настапот и документарниот филм на групата со маски „Џоломари“ од село Бегниште, Кавадаречко.

● Настап на диџеј
Шурбе & Ѓорѓи Јаневски (Канал 103)

● МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Сексот и смртта, некогаш симболично претставени како божествени ликови на Ерос и на Танатос, денес се заборавени мермерни скулптури во музеите и златноврамени слики потемнети од времето – мртви нешта и испразнети форми на некогаш моќни сили кои што владееа со нас, а денес, притаени, одново чекаат да бидат разбудени.

Учесници:
Kирчо Арсовски
Атанас Ботев
Билјана Василева
Горјан Ѓорѓиев
Роберт Дандаров
Шќипе Мехмети
Јасминка Новковска
Александар Станкоски
Kрунислав Стојановски

Младински културен центар

ГАЛЕРИЈА МКЦ – 21:00

● ПРОТЕСТ – СЕКСПЛОЗИЈА
+ олтар на вагини

Изложба на Горјан Ѓорѓиев

Две изложби наместо ретроспектива
Во Галерија МКЦ и „Храм со кодирана порака„

МКЦ хол, плато – 21:30

● Антони Мазневски – Времено 52’ / Temporary 52’
-дело во процес, уметнички чин што подразбира и дозволува повеќе начини на интерпретација, реализација и презентирање: перформанс (улично-галериски), фотодокументација, видеодокументација.
Идеопластички…..флека , брош, статус, симбол…жив морфем. Мобилна структура во постојана трансформација. Погледнато социолошки, едно поимање и естетика на појавувањето и исчезнувањето. Погледнато на атомско ниво, светот се појавува како едно сложено ткиво на настани во кои врскита од најразличен вид меѓусебно се надополнуваат, преклопуваат и комбинираат и со тоа ја одредуваат текстурата на целината.

МКЦ ПЛАТО – почеток 21:30

● Fusnota, Палиндром, Millko, Тело-Наука
Совршена, Tajcido , DJ Jona

20:00
Горно фоаје на кино Фросина
-Мултимедијален перформанс:
East meets West
-визуелна арт-егзибиција, која претставува обид за поврзување на луѓето и културите од двете хемисфери, обид за размена на идеи, промоција на големи културни размени меѓу Истокот и Западот.
куратор:Kerwin Williamson
уметници: Kerwin Williamson, Abede Lovelace, Leni von Geleva, Лилика
Стрезоска, Јана Јакимовска, Василије
Смилевски
Писатели/поети: Никола Џилвиџиев,
Дубравка Смилевска
Музичари: Абе Ана Човече, Александар
Никодиновски

дансинг сала
● Сашо Поповски
– РЕАЛНОСТА НА ВИРТУЕЛНОТО/REALITY OF THE VIRTUAL
-мултимедијална изложба – светлечки кутии (light box). Проект што започнува со визуелна обзервација на развојот на матичните кутии на компјутерите.

● Дарко Заревски – изложба на две слики “Look, no hands” – (35х54; 85х44)
– Сирова комбинација од веќе постоечки мотиви со секојдневни елементи и форми на веќе еднаш употребени материјали. Патетично сек’нд хенд колажирање изведено со неколку тонови спреј и стенсил (шаблон).Интервенции врз смислата, барајки го само нејзиниот апсурд .

● Кристина Зимбакова – Потоморена револуција/Concealed Revolution
– Комбинирана техника на лично користен душек (акрил, јаглен, свила, лишаи Pseudoevernia sp. и Xanthoria parietina, потпрено на два примерока од габа Fomes fomentarius)

Плоштад Пела 20:30

● Модна ревија – модно студио Црнокрак

●Protagonist – The Protagonist се основани во ноември 2010 година од Р. С. Раш и Кузман. Нивниот деби албум „No Exit Museum“ (излезе во мај 2015 година за „Пасворд продукција“) е базиран на текстуално богати, интертекстуално содржајни и инспиративни концепти, од научна фантастика, драмски дела па сè до човечки и природни околности

●The Stroj (Slo) – „The Stroj“ е составен од осум перкусионисти кои користат неконвенционални „инструменти“ при создавањето на музиката, како метални буриња, искористени метални делови од машини и низа други делови, најчесто пронајдени по отпадите за стари автомобили.

УЛИЦА МАКЕДОНИЈА:

● Венета Иљовска – инсталација,
книжевно катче

МАЈКА ТЕРЕЗА, ПЛАТО:
20:30

● РЕБИС – Кореографија на улица/Street dance
-кореографии и деца од сите возрасти (од 4- 20 год.). Со овој тип на настап публиката се запознава со уличните уметности и танци.

21:00
● Ивана Атанасова – „Ќе има (ли) војна“
– театарски перформанс
-„Ќе има (ли) војна“ е кратка театарска фантазија којашто посочува прст кон толпата и нејзината масовно
хистерична моќ, а истовремено го
преиспитува индивидуалецот. Ги гледаме неговите борби и падови, камшиците на сметка на индивидуалноста, лузните од кажаното, гневот свртен кон себеси и борбата да се надмине сето тоа, барајќи го најсоодветниот одговор со кој тој, уметникот, располага – креацијата.

21:45
●Поетско читање – учествуваат: Ѓоко
Здравески, Андреј Ал-Асади, Давор Стојановски, Биљана Стојановска,
Владимир Лукаш, Гаврило
Миловановиќ, Даниел Карески, Марта Маркоска, Николина Андова Шопова, Снежана Стојчевска

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА
21:00

● Изложба на Јасмина Новковска
насловена:
„Во кој свет живееме„

КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

● „Четири пози„

Автори:
Никола Мартиновски
Васил Василев
Мирослав Масин
Никола Ангековски

Дом на културата КОЧО РАЦИН
21:00

●Дороти Пачкова – проекција на документарен филм (30 мин.)
– Преку повеќе медиуми ги актуелизира темите од секојдневниот живот на единката поврзани со родовото прашање – родовиот идентитет, нарушениот перформатив на тема посветена на самохраните мајки-односно еднородителски семејства кои се соочени со бројни предизвици во секојдневната борба за базичниот егзистенс.

●Александар Лахтов – проекција на
краткометражен филм (9 мин.)
– Приказна за двајца биснисмени длабоко вмешани во валканите игри полни со измами, клевети и заблуди. Биснисмените, некогаш најдобри пријатели, вплеткани во мрежата на криминалот, одлучуваат да го земат законот во свои раце.

ШКОЛКА, ГРАДСКИ ПАРК
20:00

● ПАНК-РОК ФЕСТИВАЛ
Флукс , Тотално Опуштање, Културно Уметнички Работници, Hosenfefer, Psycho-Sonic Boris, Swatovski

АРМ:
● ЗДРУЖЕНИЕ НА КОПАНИЧАРИ
Изложба на копаничарски дела од автори од Македонија.
Делата ќе бидат со различна тематика како на пример: флора, фауна и други
мотиви.

КУРШУМЛИ АН
21:00

● Ана Димчевска – „Зигот“ – изложба
– акварел и темпера
-Изложбата „Зигот“ го зачнува перепетуалното прашање за човековото постоење преку создавањето, љубовта и социјалните бариери. Предизвиците пред изборот се длабоко интегрирани во делата, надополнети со чистиот естетски израз, отсликан низ етичкиот код
на суштествувањето.

Градска библиотека
„Браќа Миладиновци“- Скопје
21:00

● Музичко-поетска програма: Промоција на Библиографија на монографски публикации „Скопски писатели“ од Сузана Данаилова

ГАЛЕРИЈА ГРАЛ
Специјална поставка
Отворена цела вечер

КИНО МИЛЕНИУМ

● 24-часовен филмски маратон
-со почеток од 12:00 (3.10.) до 12:00 (4.10.)

ДКЦ во МКЦ
17:00 – 22:00

● Во временскиот интервал од 17 до 22 часот ДКЦ ќе биде отворен за активности како на пр. цртање, танцување, глумење (импровизации), едукативни игри, а со
децата ќе работат едукатори, кои се
непосредно одговорни за работилниците што се одржуваат во центарот.
Влезот во тој термин ќе биде бесплатен.

● Попладневно матине
во Зоолошка градина – бесплатен
влез од 17:00 до 19:00 часот

● Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП Скопје од 17:00 до 19:00 часот

● Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП Скопје од 19:00, на сите линии кон центарот на Скопје

Слични содржини