Бугарија го објасни своето  одбивање да гипропушти руските авиони со хуманитарна помош за Дамаск со сомневања во суштината  на товарите. Грција објави барањето на САД да не се обезбедува коридор за руските авиони. Ситуацијата во Сирија, судбината на бегалците, учеството на странските држави во конфликтот секојдневно се дискутираат од политичарите, дипломатите и новинарите. Странските изданија пишуваат дека Русите војуваат на страната на Башар Асад, објавуваат видео и фотографии на божемни  руски војници во Сирија.

питин5

Москва негира непосредното учество на руските војници во воените дејствија и потврдува испорака на борбена техника за Дамаск. На 4 септември Владимир Путин изјави дека Русија се обидува да создаде коалиција за борба против Исламската држава со учество на сите заинтересирани страни. Кремљ се обидува да ја  зачува својата улога на клучен посредник во решавањето на сирискиот проблем / како што тоа беше во 2013 година со  ликвидирање на хемиското  оружје  и да се  воспостави контакти со Западот, заинтересиран во учеството на Москва во решавање на конфликтот, смета претседателот на Центарот за политички технологии Борис Макаренко.

Не е исклучено Русија да е подготвена да ја  размени својата помош за Западот во Сирија на ублажување на санкциите. Но нивото на меѓусебна недоверба е значително повисоко отколку пред две години. Русија и Западот водат самостојна игра и со сомничаво  се однесуваат на активностите на партнерите на Женевските преговори. За Русија поддршката за Асад е дополнително потврдување на нејзиниот статус на светска држава, одбивањето од неа ќе значи пораз за Владимир Путин, забележува членот на научниот совет на фондацијата “Карнеги” Алексеј Малашенко. Прашањето е во степенот на руската помош за Сирија. Непосредното учество на војската во борбените дејства на земјата на официјален Дамаск ќе стане сериозна грешка и ќе направи  непредвидливи ризици. Но, тешко е да се разделиме со чувството дека Москва сепак свесно го привлекува вниманието кон своето учество во сириската криза. Најверојатно ова учество е од  помало размери отколку што ни се чини. Затоа пак неговото разгледување во светските медиуми го одвлекува вниманието од неуспехот на рускиот економски модел и дури и  од  долготрајната , безнадежена  фаза  во конфликтот со Украина, пишува  “Ведомости”.

Слични содржини