Вељаноски на „Фејсбук“: Немаше никакво примопредавање на функцијата на Џафери

од Vladimir Zorba

Досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој беше и претседавач со конститутивната седница по изборите, на својата фејсбук-страница напиша дека немало примопредавање на функцијата помеѓу него и новоизбраниот претседател, Талат Џафери.

„Не, немаше никакво примопредавање на нелегитимно и неуставно избран претседател на Собранието“, напиша Вељаноски, како коментар на споделеното соопштение од Собранието за првиот работен ден на Џафери како претседател на законодавниот дом./META

 

Слични содржини