Вељаноски не го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за седница за распуштање денеска

од Vladimir Zorba

Соопштение од кабинетот на Претседателот на Собранието:

trajko veljanoski

Во врска со последните активности на дел од пратениците од опозицијата за распуштање на 8. состав на македонскиот законодавен дом, а во согласност со договорите што беа водени со посредство на меѓународната заедница, го истакнуваме следново:

             Претседателот на Собранието го поздравува ставот на пратеничката група на СДСМ за распуштање на Собранието, за разлика од минатите два пати кога оваа партија бараше одложувања на веќе закажаните парламентарни избори. Истовремено, Вељаноски го поздравува и ставот на партиите од владеачкото мнозинство, кои, исто така, во континуитет стојат на позициите за распуштање на овој парламентарен состав согласно постигнатите договори. Овој факт е од исклучително значење бидејќи единствено на тој начин, консензуално, преку избори, мандатот повторно ќе го добие народот и тој, како најмеродавен судија ќе ја даде најточната оценка.

           Претседателот Вељаноски, почитувајќи ги во целост преземените обврски согласно разговорите на најголемите партии со посредство на меѓународната заедница, ја информира јавноста дека точките за распуштање на осмиот состав на Собрането ќе бидат дополнети на дневниот ред на седницата која е закажана за 17.10.2016 година, после точката која се однесува на усвојувањето на Буџетот за 2017 година.

             Претседателот на Собранието е уверен дека на овој начин, македонските пратеници ќе успеат истовремено да остварат две суштински цели: прво, да ја исполнат до крај својата обврска да работат до последниот ден во интересот на државата, стабилноста на институциите и непреченото функционирање на системот со носењето на најважниот акт, Буџетот, кој секоја година го усвојуваат претставниците на народот; второ, да ја испочитуваат преземената обврска за распуштање на Собранието, бидејќи законските рокови во целост и без исклучок дозволуваат тој чин да се направи на 17 октомври за да може да се одржат изборите на договорениот датум на 11 декември.

            Претседателот Вељаноски очекува од пратениците на опозицијата да застанат зад споменатиот план бидејќи така на најдобар начин ќе ја покажат својата посветеност кон преземените обврски од договорите, како и одговорноста кон Македонија. Оттаму, за Претседателот на Собранието, секој поинаков став на опозицијата, како тој за распуштање на Собранието на 12 октомври, ќе биде оценет како уште еден акт на политичка неискреност и како дел од планот на опозицијата да издејствува ново, трето по ред одложување на изборите.

Дополнето:

СДСМ: Вељаноски ја разобличи намерната на ВМРО-ДПМНЕ да избега од избори на 11 декември

7982-SDSM-ZNAME[1]

„СДСМ денеска достави кристално јасна иницијатива за распуштање на Собранието на Р.Македонија веднаш“, реагираат од СДСМ по соопштението на Трајко Вељаноски.

„Токму Трајко Вељаноски, со едно соопштение, ја разобличи провидната намера на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне распуштањето на Собранието и да избега од избори на 11 декември.

Пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери ќе присуствуваат и ќе гласаат за распуштање на Собранието денеска во термин во којшто претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата“, велат од СДСМ.

Од СДСМ доставија и писмо испратено од Вељаноски до пратениците во Собранието денеска, а во кое стои дека рокот за поднесување амандмани за Буџетот е до петок.

54434343

Слични содржини