Вељановски разрешен, Сашо Тасевски нов в.д. на Драмски театар

од desk2

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски го разреши досегашниот директор на Драмскиот театар – Скопје, Роберт Вељановски, а за в.д. директор е назначен актерот Сашо Тасевски.

Роберт Вељановски како актер е вработен во Драмски од 1997 година, а на директорското место дојде по смртта на неговиот претходник Бранко Ѓорчев.

Како што за СДК вели од Министертсвото за култура, по извршената инспекција најдени се неправилности во работењето на Вељановски, кој со Драмски директорува од 2013. Вељановски, според наодите на инспекцијата, не спроведувал постапка за реаудиција, незаконски издавал простор од објектот кој е сопственост на државата, а чиј договор за закуп бил истечен пред две години, не водел евиденција за работното време, и Годишната програма на театарот ја усвоил без согласност на Управниот одбор.
Уметнички директор на Вељановски во првата година беше Зоран Љутков кој замина, како што рече, од лични причини. Потоа, уметнички директор стана Рубенс Муратовски, кој минатата година исто така се повлече од оваа функција без некое образложение.

Вељаноовски е професор на ЕСРА, а беше и на пратеничката листа на ВМРО- ДПМНЕ на последните избори.

Актерот Сашо Тасевски од 1998 година е член на Драмскиот театар. Тој е и колумнист и писател. Објави неколку книги, збирка драми, романи, а јавно беше експониран како жесток критичар на власта.

Слични содржини