Велешанец со чекан го уби соседот – веста ја објави на Фејсбук

од Vladimir Zorba

Велешанец со чекан го уби својот сосед, а тешко повреди уште неколкумина од истото семејство. Тој сам го призна убиството, а веста за злосторството ја објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Убиството се случи вчера околуо 2 часот по полноќ. Осомничениот убиец е приведен.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што е извршено кривично дело убиство.

Убиството се случило кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја удрил со чекан по глава при што ја повредил.

Во тој момент во собата влегле родителите на девојката, по што осомничениот и нив ги удрил со чекан по главата. Подоцна од нанесените тешки телесни повреди починал таткото.

По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.

По извршување на делото, осомничениот се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој иинформира дека ги убил „своите монструми“.

Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.

Истовремено, јавниот обвинител издаде наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот, како и наредба за подигање на сите траги и материјални докази од местото на настанот.

Слични содржини