Велешката болница може да остане со блокирана сметка поради долг од 162 илјади евра

од desk4

Комплетна финансиска блокада и се заканува на велешката болница ако за осум дена не плати 170 илјади евра заостанати сметки за вода, информира ТВ24.

Јавното комунално претпријатие Дервен преку нотар си ги бара парите, кои претходното раководство на болницата три години не ги плаќало за потрошена вода.

Директорот на болницата Димитар Стровјановски е изненаден од оваа одлука на Дервен. Пред десетина дена добил ветување од новото раководство на комуналното претпријатие дека долгот ќе се плаќа на рати.

„Новиот в.д директор кој усно ми вети дека ќе направиме спогодба за долгот без никаква општествена свест и одговорност, наместо одговор упатува нотарски акт “, вели Димитар Стровјановски – директор на велешка болница

Стровјановски вели дека болницата не може да ги плати овие пари за толку краток рок, а блокирањето на сметката најмногу ќе ги погоди пациентите.

„Евентуалното блокирање ќе се одрази пред се на недостаток во идниот период на лекови, храна и топлина бидејќи сме должни да испорачаме се што е потребно за еден пациент“, вели Димитар Стровјановски – директор на велешка болница

Од Дервен велат дека иако испраќале многу опомени, сметките не се плаќале од јануари 2015 година, па имало опасност тие да застарат. Ако не тужеле, само ќе го оправдале недомаќинското работење на претходните раководства на двете институции.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини