Почетна / Магазин / Деликатеси / Велигденски деликатеси во забавни форми

Велигденски деликатеси во забавни форми

На празничната трпеза секогаш сакаме сè да е со совршен вкус и изглед. Инспирирани од велигденските празници, споделуваме неколку забавни идеи кои можете да ги покажете пред вашите гости. Тие се лесни за правење и сигурно ќе импресионирате со нив.

Започнете со цветна декорација на масата. За таа цел ќе ви  се потребни неколку варени јајца, неколку страка магдонос, пченка од конзерва и шери домати.
Во чинија со соодветна форма подредете ги пресечените на половина варени јајца и со помош на останатите производи оформете цвет. Дајте ѝ слобода на имагинацијата и додадете уште нешто интересно во декорациите како колбаси, сирење или друг зеленчук.

Полнети јајца се омилено мезе на сите. Сварете неколку пресечете ги на половина. Внимателно извадете ги жолчките. Ставете ги жолчките во сад и комбинирајте со вкусови по ваш избор.

Може да е малку мајонез или лутеница, убав колбас, сирење и т.н. Со помош на лажичка или шприц, наполнете ги јајцата. Ставете ги белките како капаци. Оформете очи на пиленцата со црн пипер, а клунот со парчиња пиперки.

Појадокот исто така може да биде инспириран од празникот. Направете мали тркалезни и меки палачинки. Наредете ги во чинија и украсете со малку мед, или јагоди. Додадете им овошје. Тоа е добра идеја да ги натерате децата да јадат повеќе витамини.

Супите се исто така дел од нашата празнична трпеза. Што ќе кажете за убава крем супа која ќе ја сервирате во леб, стилизиран како зајаче? Земете неколку поголеми и повисоки земички. Врежете дел од внатрешноста.

Со други мали лебови оформете ја главата и ушичките на зајакот. Искористете чепкалки за заби за да ги прицврстите кон основата.