Велија Рамковски излезе од затвор, заедно е со семејството

од desk2

Поранешниот сопственик на „А1“ телевизија Велија Рамковски денеска излезе на слобода, по речиси седум години поминати во затвор.


Неофицијално, тој добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен, јавуваат медиумите.

Првата средба со семејството по долго време, на својот профил на Фејсбук ја објави неговата ќерка Лејла.

Рамкоски беше осуден на 13 години затвор.

Излегувањето од затвор поради здравствени проблеми не значи и конечна слобода за Рамковски. По неколку месеци, Рамковски повторо ќе се врати зад решетки. Но доколку до тогаш поминат 8,6 години, од моментот кога беше притворен, тогаш може да добие и целосно ослободување, бидејќи ќе одлежи две третини од казната, по што може да бара условен отпуст.

Слични содржини