Велика Британија ќе воведе такса за работниците од ЕУ

од Vladimir Zorba

Британската влада сака да воведе такса од 1.000 фунти за секој британски работодавец кој ќе вработи работник кој потекнува од некоја од државите-членки на Европска Унија.

Британскиот министер за миграција Роберт Гудвил пред Горниот дом на британскиот парламент истакнал дека е можно воведување на такса за работниците од ЕУ.

Гудвил истакнал дека ќе има програми кои ќе дозволуваат работниците во земјоделието да добиваат краткорочни, сезонски договори за работа во Велика Британија.

Велика Британија веќе ги зголеми таксите за работниците од државите кои не се членки на ЕУ и тие ќе стапат на сила во април.

Работниците од 27 држави-членки на ЕУ сега имаат право да живеат и работат во Велика Британија, но тоа ќе се промени кога земјата ќе излезе од Европска Унија./Meта

Слични содржини