Велика Британија со малцинска влада Тереза Меј се договори со унионистите

од desk3

 

 

Британската премиерка Тереза Меј денеска склучи договор со лидерката на северноирската  Демократска униоистичка партија, за поддршка на малцинкста влада на британските конзервативци, пренесува БТА.

Церемонијата се одржа на Даунинг стрит 10 во Лондон каде Тереза Меј  се сретна со лидерката на унионистите Арлен Фостер.

Преговорите беа фокусирани на финансиската поддршка за Северна Ирска и на преговорите за Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ. ДУП потврди дека владата на Велика Британија се согласила оти ќе го подобри третманот на воените ветерани од Северна Ирска како дел од договорот, но ги негираше извештаите оти барала дополнителни 2 милијарди долари, во замена за поддршка.

Слични содржини