Венецуела: Воената опција на Трамп е непријателски чин

од desk2

Владата во Венецуела енергично ги отфрли наводите на американскиот претседател, Доналд Трамп, за можна воена опција за решавање на политичката криза во земјата.

Владата ги оцени наводите на Трамп како непријателски чин кој претставува закана за стабилноста на Латинска Америка.

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареас, го нарекол Трамп шеф на империја и рекол дека неговите коментари се вклопуваат во праксата за агресија против суверенитетот на Венецуела, како и дека се против меѓународното право.

Ареас го обвини Вашингтон дека ја дестабилизира и ја дели Латинска Америка и Карибите, а на граѓаните на Венецуела им порача да ги тргнат на страна своите политички несогласувања и да се обединат против коментарите на Трамп.

Слични содржини