Венгер ги разочара навивачите на Арсенал уште еднаш

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е подготвен да разочара многумина фанови на “топџиите” во наредните денови. Во текот на викендот францускиот специјалист објави дека донел одлука за својата иднина на “Емирати”, а според англиските медиуми, тој сака нов договор со клубот.

Сегашниот договор на Венгер истекува на крајот на сезоната, а се уште не е јасно дали тој ќе биде обновен или не. Стратегот е ставен под непрестојни критики од приврзаниците и легендите на клубот поради просечното претставување на “топџиите” во кампањата во Премиер лигата.

Се очекува во следните денови Французинот да има средба со раководни фактори во клубот, на која ќе ги информира за неговата желба да остане на чело на тимот. Венгер не сака да го напушти клубот во момент во кој “топчиите” се во толку незавидна позиција.

Слични содржини