Актуелно
Почетна / Спорт / Верати ги откачи Барса и Јунајтед

Верати ги откачи Барса и Јунајтед

Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Марко Верати изјави дека е среќен во Франција и не сака да ги напушти шампионите.

Интересот за него доаѓа од Барселона и Манчестер Јунајтед. Жозе Мурињо се обидува да го убеди играчот да ја избере Англија преку Мино Раиола. Познатиот фудбалски агент ги доведе на „Олд Трафорд“ Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Миктаријан.

„Многу сум среќен од изборот кој го направив и сега сум уште поубеден во тоа. Навистина сакам да останам во Париз. Се чувствувам многу добро тука и сакам да освојам се“, вели Италијанецот.

Во меѓувреме, Верати, кој потпиша договор со ПСЖ до 2021 година, сака Карло Анчелоти да ја преземе Италија.

„Почнав да играм во Лигата на Шампионите со него. Тој навистина ми помогна многу во однос на она што е во мојата глава. Помогна и надвор од фудбалот, и тој се уште е важен човек за мене. Ќе видиме дали ќе ја преземе Италија“, додаде Марко Верати за Канал +.