Верхофштад: Ризикуваат меѓуетнички конфликт само за да останат на власт

од desk2

Македонија нема време за чекање, порача денеска во Брисел претседателот на Групата на либералите во Европскиот парламент Ги Верхофштад, поранешен премиер на Белгија, а пренесе НОВАТВ.

Тој реагирал на острата реторика на македонските политичари, кои како што посочи, би ризикувале и меѓуетнички конфликт само за да останат на власт.

-Распалувањето на национализмот е најдобриот рецепт за уништување на европската иднина на секоја земја. Македонските политичари не сакаат да ја напуштат власта и со тоа ризикуваат да предизвикаат меѓуетничка конфронтација. Наместо тоа, тоа треба да ги почитуваат резулатите од изборите, да преземат сериозна одговорност и да дозволат фомирање влада. Македонија нема време за губење. Сега е во прашање нејзината иднина-изјави Верхофштад.

Слични содржини