„Веропулос“ инвестира 2 милиони евра во нов Веро маркет и продавница „Џамбо“ во Тетово

од Vladimir Zorba

Компанијата „Веропулос“ викендов во Тетово го отвора својот единаесетти Веро маркет во земјава, како и третата продавница Џамбо.

Вкупната инвестиција во двата нови објекта кои се наоѓаат на иста локација изнесува над 2 милиона евра, а во нив ќе работат околу 100 лица. Со тоа вкупната бројка на вработени во компанијата „Веропулос“ во земјава ќе се искачи на повеќе од 1.000 лица.
Од менаџментот на Веро истакнуваат дека приказната која почна пред 20 години со отворањето на првиот супермаркет во скопската општина Аеродром, денес е заокружена со моќен и познат бренд кој континуирано остварува пораст и бележи позитивни финансиски резултати.

Слични содржини